Во текот на изминатите денови (01,02,03 и 04.08.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 187 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 76 возачи од кои: 24 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 45 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 35 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 19 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, тројца поради неправилно престигнување, 21 возач на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 28 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 77 мандатни платни налози и 54 возила се подигнати со специјално возило "пајак".