Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Низа превентивни мерки за болеста „свинска чума“ да не влезе во земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
svinja

Министерството за земјоделство ги превзема сите мерки да спречи болеста „свинска чума“ да влезе во земјава. На граничните премини веќе е забрането да се внесуваат сувомесни производи што содржат свинско месо, бидејќи и тие можат да бидат потенцијален пренесувач на заразата.

— реклама —

А како што најави министерот за земјоделство, ова министерство со првите луѓе на Агенцијата за храна и Јавното претпријатие за паркинзи веќе разговарало за нови превентивни мерки, поточно една од нив е да се контролира и отпадот од туристите низ паркинзите.

— реклама —

„Разговаравме со АХВ и со ЈП за паркинзите, каде треба да се внимава, бидејќи сега на минување имаме туристи кои ќе застанат на паркинг, кои може да користат вакви намирници, и потоа ги оставаат во контењер, исто така се работи и на таа организација“, вели Трајан Димовски, министер за земјоделство.

— реклама —

Отстрелот на дивите свињи кои се најчести преносители се дозволи два месеци порано, а во оние ловишта на кои им се одземени концесиите, ловните дозволи ќе ги издава ЈП Македонски шуми.

— реклама —

Инаку болеста коси во соседна Бугарија. Поради тоа убиени се над 120.000 свињи. Штом болеста се појави се уништува цела фарма и потоа се прогласува карантин од 9 месеци, нема ни вакцина што би помогнала. Штетите тамошните медиуми ги процениле на 300 милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања