Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

НЛБ Банка предупредува: Непознати лица испраќаат лажни е-маил пораки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nlb

НЛБ Банка АД Скопје известува дека во текот на денот се испратени лажни е-меил пораки од страна на непознат испраќач кој фалсификувајќи го идентитетот на НЛБ Банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече доверливи податоци од целната група до која е испратен овој маил.

— реклама —

Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката) добиваат пораки од маил адресата: NLB Banka AD <aorp@nlb.mk>, со предмет на порака: Интербанкарна трансферна исплата/TT-payment.

— реклама —

Банката се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака да не го отвораат прилогот на пораките пристигнати од меил адресата: NLB Banka AD <aorp@nlb.mk> со цел заштита од злоупотреба на податоците. Доколку ваквите пораки заедно со прилозите биле веќе отворени, потребно е да се обратите за помош до ИТ професионалец.

— реклама —

НЛБ Банка АД Скопје потенцира дека сите нејзини известувања испратени преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.

— реклама —

Во меѓувреме, Банката ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања