Министерството за внатрешни работи соопшти дека лажна била дојавата за поставена бомба на Меѓународниот аеродром Скопје.
Денеска (16 август) во 02:41 часот на бројот 112 била добиена пријава дека во авион кој требало да полета за Турција е поставена експлозивна направа. Веднаш биле ангажирани единиците за антитероризам кои извршиле детални проверки, при што било утврдено дека станува збор за лажна дојава.
Околу 06:00 часот, аеродромот ја продолжил својата работа со редовен режим на летање.
Од МВР најавија дека се преземаат мерки за откривање на лицето што ја упатило дојавата.