Стрелките на часовниците ноќеска во 02 часот се поместуваат на 03, при што се поместуваат за еден час понапред а со тоа започнува летното сметање на времето.
Започнува со последниот викенд во март и трае до последниот викенд во октомври.
Во 2018 година Европската комисија даде предлог за ставање крај на сезонските промени на часовникот, што година подоцна беше поддржан и од Европскиот парламент, но за да стапи на сила мора да ја почека одлуката на Европскиот совет, за која сè уште не е јасно кога ќе биде донесена.
Летното сметање на времето ќе заврши на 31-ви октомври во 03:00 часот.
Извор фото:Агенции