Промени тема
Контакт

Ноќна полициска акција во Скопје: приведени лица во истрага за финансиски криминал - претреси на повеќе локации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Доцна синоќа во Скопје била спроведена полициска акција во рамки на истрага за сериозен финансиски криминал, дознава неофицијално „Скопје1“.

Припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност извршиле претреси на повеќе локации и привеле повеќе лица.

Според неофицијалните информации, реализацијата на случајот била забрзана откако еден од главните осомничени се обидел да ја напушти државата. По ова, истражните органи веднаш презеле мерки и ја започнале акцијата.

— реклама —

Случајот, според информациите до кои доаѓаме, се однесува на сомневања за финансиски злоупотреби поврзани со наплата на надоместоци при регистрација на возила.

Се истражува дали преку лажирање извештаи и уплатници биле прикривани, а потоа и пренасочувани парични средства.

Во истрагата, неофицијално, се опфатени повеќе физички лица и правни субјекти, а дел од осомничените наводно се вработени и во државни претпријатија.

— реклама —

Првичните информации се дека штетата се проценува на повеќе од 13 милиони денари, односно над 210.000 евра.

Акцијата и утрово сè уште била во тек, а се очекува во текот на денот надлежните институции да соопштат повеќе детали за бројот на приведени, сомневањата за конкретните кривични дела и опфатот на истрагата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Полициска акција кај доктори од „8 септември”, Клиниката за дематологија и приватен сектор: се прават претреси, предметот е за нелегални медицински третмани

Македонија | пред 4 месеци

apsenje-ubistvo-mavrvoka

Полициска акција во Скопје – се претресуваат повеќе локации за лихварство и перење пари

Македонија | пред 10 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Уапсени директор, полицајци, службеници: акција во три града во Македонија

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања