Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Ноќни контроли на МВР, затекнати пијани возачи на кои времено им се одземени возачките дозволи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Во периодот од  00.00 до 05.00 часот на 16.06.2019 година  дделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол. Притоа, кај 29 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека четири возачи одбиле да проверка за присуство на алкохол.

— реклама —

Овие 33 возачи се исклучени од сообраќај,  времено им се одземени возачките дозволи и поднесени се мандатни платни налози. Откриени се и 85 останати прекршоци за кои се издадени 41 мандатни платни налози и 44 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 15.06.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, при што се санкционирани 125 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.

— реклама —

Во периодот од  23.00 часот на 15.06.2019 до 05.00 часот на 16.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се осум возачи кои сториле прекршоци. Откриени се и 82 останати прекршоци за кои се издадени  мандатни и прекршочни платни налози.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања