„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Ноќва во Скопје МВР спроведе зајакната акциска контрола, откриени низа прекршоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
mvr1

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 23/24.02.2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

— реклама —

Од страна на полициски службеници контролирани се 159 возачи, a кај 26 утврдено е присуство на алкохол. Откриени се и 51 останати прекршоци.

Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената спроведена е акциска контрола на 23.02.2019 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот, при што констатирано е дека 69 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се мандатни платни налози.

— реклама —

Исто така, констатирани се и 46 останати прекршоци, за кои се издадени 29 мандатни платни налози и 17 прекршочни платни налози. На 23/24.02.2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на Скопје со специјално возило пајак се подигнати 27 возила кои биле непрописно паркирани, во најголем дел на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Јордан Мијалков“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања