Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

NON PAPER на Алијансата испратена до претставниците на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sela-2

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, испрати Non Paper до високите функционери на Европската унија и во која најпрво ги информира за конструктивната улога на Алијансата со поддршка на сите процеси поврзани со интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ со нивното гласање за прифаќање на уставните измени поврзани со Преспанскиот договор, се вели во соопштението од Алијансата за Албанците.

Сепак, претседателот на АА изрази загриженост за недостатокот на подготвеност на оваа Влада која не презела доволно мерки за исполнување на барањата на ЕУ за воспоставување на владеењето на правото во сите сегменти на политичкиот живот во северна Македонија.

— реклама —

Претседателот Села во документот "Напади на СДСМ - ДУИ врз владеењето на правото, кршење на европските вредности во име на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ", истакнува сериозни забелешки на владата на СДСМ - ДУИ, која покажа неуспех во клучните прашања во врска со демократските и процесите за интегрирање на земјата кои се клучни за препораките на ЕУ за добивање на датум за преговори на Северна Македонија со ЕУ:

- одговорноста за нападот на 27 април 2017 во Собранието;

— реклама —

- реформите во судството и проактивни истраги, обвиненија и конечни пресуди во случаи на корупција и организиран криминал, вклучително и високото ниво на криминал откриени од незаконското прислушкување;

- Реформата на службите за разузнавање и безбедност;

— реклама —

- реформа на јавната администрација.

Документот е испратен до:

1. Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, г-ѓа Фредерика Могерини

— реклама —

2. Високиот претставник на ЕУ за проширување. Г-дин Јоханес Хан

3. Министри за надворешни работи за европски прашања на земјите-членки на ЕУ, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања