Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Нов анимиран хит на Нетфликс: Рекордна гледаност во првата недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-libraryh7qn3smturpl0XOyRP0

Новиот анимиран филм „Swapped“ постигна рекорден успех на Нетфликс, откако во првата недела од прикажувањето забележа 38,7 милиони прегледи.

Филмот, во кој гласовите ги позајмуваат Мајкл Б. Џордан и Џуно Темпл, во периодот од 4 до 10 мај го оствари најголемиот број прегледи што некогаш ги забележал еден анимиран филм на платформата во рок од седум дена, пренесува „Варајети“.

Веќе во првите три дена од прикажувањето, „Swapped“ дебитираше како втор најгледан филм на англиски јазик со 15,5 милиони прегледи, по што следеше нагол пораст на гледаноста.

— реклама —

Благодарение на силниот интерес, филмот се искачи на првото место на Нетфликс, не само меѓу филмовите на англиски јазик, туку и како најгледан наслов на целата платформа.

— реклама —

Зад него се најде трилерот „Apex“ со Шарлиз Терон со 16,2 милиони прегледи, додека трето место го зазеде „Remarkably Bright Creatures“ со 10,4 милиони прегледи.

— реклама —

На листата на серии, најгледан второ по реда недела е „Man on Fire“ со 12,6 милиони прегледи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања