Во текот на изминатиот ден (21.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди во кои шест лица се здобиле со лесни телесни повреди.Од преземените мерки констатирано е дека тројца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 26 возачи - од кои 24 затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца заради тоа што биле возачи почетници.
Исто така, од сообраќај се исклучени и 17 возила бидејќи биле нерегистрирани. Покрај ова, еден возач е санкциониран поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца - поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, осумина возачи се санкционирани поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило а 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 83 мандатни платни налози и 64 возила се подигнати со специјално возило „пајак.