Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Filmski-Predizvik-1

На 8 март започна новиот европски филмски предизвик #EuropeanFilmChallenge за сите филмофили и љубители на инди киното, а ќе трае до 17 мај. Учесникот со најмногу освоени поени ќе отпатува на црвениот тепих во Кан, на Канскиот Филмски Фестивал 2021.

— реклама —

Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) е иновативна дигитална платформа што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја промовира европската кинематографија.

— реклама —

Предизвикот бара од учесниците во временски периот од 10 недели, да изгледат 10 европски филмови на репертоарот во кино салите, во рамки на локалните филмски фестивали, на телевизија или на некоја од легалните видео – стриминг платформи.

— реклама —

Љубителите на филмот можат да се вклучат во предизвикот со регистрација на https://europeanfilmchallenge.eu/mk/, а исто така постојано да ги следат социјалните медиуми, Facebook и Instagram и да уживаат во неделите кои следуваат, со многу нови и стари европски филмски остварувања, препораки, содржина од зад камерите и игри. Секој внесен филм на платформата на учесникот во предизвикот му носи различни поени. Своето искуство, учесниците треба да го споделат со фотографија од својот билет, или со фотогарфија како гледаат филм дома, сами, со најблиските или со друштвото. Фотографиите треба да ги споделат на социјалните мрежи под хаштагот #EuropeanFilmChallenge, со што стануваат поенцијални победници на овој предизвик.   На крај учесникот со најголем број поени ќе добие можност да ја доживее еуфоријата на Канскиот Фестивал.

Во случај овој фестивал да биде откажан поради ситуацијата со вирусот Ковид-19 или доколку постојат рестрикции за патување победникот ќе добие Home Cinema Experience пакет.

European Film Challenge е млада филмофилска заедница на вљубениците во европскиот филм желни да го доживеат киното од првите редови преку содржини од зад сцената, филмски препораки и ексклузивен пристап до европските филмови и фестивали – Берлинале, Кански филмски фестивал и Венеција филм фестивал.

Проектот во Македонија го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21 заедно со европски партнери во 9 држави преку поддршка на програмата на МЕДИА- Креативна Европа и Европската филмска индустрија.

Ќе играме? #EuropeanFilmChallenge

извор:  IDEA LAB

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања