Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нов фризерско-козметички кабинет за практична настава во „Димитар Влахов“ – учениците ќе нудат услуги и на врсници од други училишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-librarydid80sqo0n5n8w6ZYWW

Во средното училиште „Димитар Влахов“ во Скопје денеска беше пуштен во употреба целосно опремен фризерско-козметички кабинет, наменет за практична обука на учениците.

Кабинетот се наоѓа на булеварот „Партизански одреди“, спроти трговскиот центар „Лептокарија“, а располага со шест фризерски работни места, две берберски, две позиции за шминкање, како и опрема за маникир и козметички третмани.

— реклама —

Учениците ќе имаат можност да ги усовршуваат своите вештини преку практична работа, вежбајќи едни на други и користејќи професионална опрема. Во рамките на наставата, тие ќе можат да им нудат услуги и на ученици од другите средни училишта, по субвенционирани цени.

— реклама —

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека новиот кабинет ќе им овозможи на младите да стекнат практично искуство, самодоверба и вештини потребни за нивната идна професија.

Тој нагласи дека обврска на Градот е да создава услови во кои младите ќе можат да го покажат својот потенцијал и полесно да го претворат знаењето во професија, кариера или сопствен бизнис.

— реклама —

„Вложуваме во младите денес, за утре да стојат цврсто на свои нозе. Со свој занает, со своја кариера, со можност да создадат и сопствен бизнис. Нивниот успех е успех на Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања