Промени тема
Контакт

Нов обид да се запали приватниот отпад во Визбегово: со брза реакција полицијата уапси три лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryvecmk339op413Fbg1ir

Три лица се уапсени под сомнение дека се обиделе да предизвикаат нов пожар на отпадот во Визбегово, откако запалиле багер кој се наоѓал во кругот на отпадот, дознава „Скопје1“.

Според информациите до кои дојде редакцијата, осомничените синоќа со патничко возило „БМВ“ со ресенски регистарски таблички пристигнале до отпадот. Според сведок, станувало збор за четири лица – двајца се движеле зад објектот, додека двајца чекале во автомобилот.

По палењето на багерот, кој можел да предизвика многу поголем пожар доколку огнот се проширел на отпадот, осомничените избегале со голема брзина.

Иако се движеле по споредни улици, според сознанијата на „Скопје1“, нивното движење било регистрирано од неколку безбедносни камери, што им помогнало на полициските службеници брзо да ги лоцираат.

— реклама —

Апсењето било извршено на Јадранска магистрала, кратко време по пријавата.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдија дека три лица се лишени од слобода.

„Полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело ‘предизвикување на општа опасност’ по член 288 од Кривичниот законик. На 01.07.2026 околу 23:20 часот во Полициската станица Чаир е пријавено дека во отпад за секундарни суровини на подрачјето на ПС Чаир бил запален багер. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги забележале лицата кои биле со патничко возило ‘БМВ’ со ресенски регистарски ознаки, по што ги лишиле од слобода. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

— реклама —

Локацијата во Визбегово во изминатиот период двапати беше зафатена од големи пожари. Уште тогаш постоеја сомневања дека огнот е намерно подметнат со цел да се предизвика штета на фирмата што стопанисува со отпадот и да се создадат услови за нејзино затворање.

Според неофицијални информации, истрагата ги разгледува и сомневањата дека зад палењата би можеле да стојат интереси поврзани со конкурентски фирми. Засега овие информации не се официјално потврдени, а истрагата на МВР и обвинителството продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

18 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, 17 возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Во шума запалил душек врз кој ставил бакарни кабли, кривична за 43-годишен битолчанец

Македонија | пред 8 часа

municija-1

Контрола на автопатот Скопје-Велес откри 205 парчиња муниција во багажник на автомобил

Македонија | пред 8 часа

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Со мопед се превртел кај Лезово, тешко повреден 16-годишник

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања