Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Нов повик за инвертер клими: Аплицирање онлајн, без редици и хартија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
Inverter-klima-ured-696x522-1

Министерството објави јавен повик за ваучери за купување и вградување инвертер клима уреди (3,5 kW, најмалку А+) за ранливи потрошувачи за 2026. Аплицирањето првпат е целосно онлајн преку www.aplikanti.energy.gov.mk, со доставување документација и нотарска изјава. Право имаат домаќинства со корисници на надоместок заради попреченост и домаќинства со деца со попреченост (до 26 г.) со утврдени доходни прагови за 2025; надоместоците не се пресметуваат. По едно барање по домаќинство; не важи за цивилна/воена инвалиднина, ГМП и додаток за енергенси. Рок: 30 дена; избор до исцрпување средства, со јавни листи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година.

— реклама —

За прв пат, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб- страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. Наместо досегашното доставување документи во хартиена форма и чекање пред архиви, апликантите ќе можат да го завршат целиот процес онлајн – брзо, едноставно и без непотребни административни бариери. Ова претставува конкретен чекор кон дигитализација и модернизација на јавните услуги, со јасна цел – институциите да бидат поблиску до граѓаните и нивните реални потреби. Начинот на аплицирање ќе биде детално објаснет и јавно достапен, за да се обезбеди еднаков пристап за сите заинтересирани.

— реклама —

Јавниот повик се спроведува согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година и предвидува доделување на ваучери за набавка и вградување на инвертер клима уреди со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, со што директно се придонесува кон намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.

— реклама —

Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.

— реклама —

Право на учество имаат:

1. Домаќинства со лица корисници на надоместок заради попреченост, чиј вкупен месечен нето доход во 2025 година не надминува:

 30.000 денари за едночлено домаќинство

 45.000 денари за домаќинство со два члена

 63.000 денари за домаќинство со три члена

 83.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена (во пресметката не се вклучува надоместокот заради попреченост)

2. Домаќинства со деца со попреченост (до 26 години), корисници на посебен додаток, со месечен доход во 2025 година до:

 45.000 денари за домаќинство со два члена

 63.000 денари за домаќинство со три члена

 83.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена

(во пресметката не се вклучува посебниот додаток)

Едно лице може да поднесе само едно барање по домаќинство, не се опфатени лица кои користат цивилна или воена инвалиднина, корисници на гарантирана минимална помош и додаток за енергенси Аплицирањето ќе се врши исклучиво електронски преку платформата www.aplikanti.energy.gov.mk ,каде што барателите ќе треба да поднесат комплетна документација, вклучително и изјава заверена на нотар, соодветни решенија за остварени права, лична документација и докази за составот на домаќинството. Доколку апликацијата е некомплетна, ќе се овозможи рок за нејзино дополнување, согласно законските процедури.

Изборот на корисници ќе се врши врз основа на уредни и комплетни апликации, сè до исцрпување на предвидените средства, а Министерството по службена должност ќе врши проверка на податоците преку надлежните институции. Листите на корисници и донесените решенија ќе бидат јавно објавени и доставени по електронски пат.

Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Јавниот повик со сите информации и рокови може да го најдете на сајтот на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини – https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-povik-za-dodeluvanje-na-potvrda-vaucer-za-kupuvanje-i-vgraduvanje-na-inverter-klima-uredi-za-zastita- na-ranlivi-potrosuvaci-na-energija-za-2026-godina

Со овој повик, Министерството продолжува со конкретна поддршка за најранливите категории граѓани, истовремено вложувајќи во енергетска ефикасност, намалување на трошоците за енергија и подобар квалитет на живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања