Нов протестен марш за Фросина: Се тргнува од Универзална, се маршира за сите жртви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
footooo

Росица Кулакова, сестра на усмртената Фросина, се приклучи кон ицијативата „Кој е следен“ која организира серија протести за безбедност во сообраќајот.

— реклама —

„Да нема забуни, манипулации и политизирање! Нешто што ние од првиот ден го бараме! Ова е граѓански протест, протест на народот, протест на тагата, на револтот и на желбата да се остане тука! 16.30ч пред Универзална Сала.

— реклама —

Симболично тргнуваме од овде. Местото каде што заврши сонот на Фосина. Местото каде што се прели чашата со крв. Местото каде што оваа иницијатива започна. Да и оддадеме почит на Фросина но и на сите жртви на корумпираниот и трул систем. 17.00ч пред Влада ( извршна власт) Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата.

— реклама —

Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата “Кој е следен” и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата! 17.45ч пред Собрание (законодавна власт) Бараме да се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат. 18.30ч пред Апелационен Суд (судска власт) Бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде! Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот! Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти! Ве повикуваме сите да ни се приклучите во оваа борба за подобро утре! Сите сме Фросина!!! Секој еден може да е следен! Се гледаме утре пред Универзална во 16.30!“, напиша Кулакова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања