Промени тема
Контакт

Нов раст на металите на светските берзи: златото близу 4.700 долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library5p69iekkr9u05zSKcSu
Photo by Jingming Pan on Unsplash

Позитивно движење утрово бележат цените на металите на светските берзи, при што раст забележуваат и благородните и индустриските метали. Најголемо внимание привлекува златото, кое достигна 4.698,64 долари, со дневен раст од 4,14 долари, односно 0,09 проценти.

— реклама —

Во текот на тргувањето цената на златото се искачи до 4.730,90 долари, додека најниската вредност изнесуваше 4.687,40 долари.

Расте и цената на среброто, кое поскапе за 0,51 процент и достигна 69,03 долари. Во текот на денот среброто се тргуваше меѓу 68,253 и 69,750 долари.

— реклама —

Од останатите благородни метали, платината бележи раст од 0,43 проценти, достигнувајќи 1.875,10 долари, додека паладиумот поскапе за 0,54 проценти и се тргува по 1.343,50 долари.

— реклама —

Раст има и кај индустриските метали. Бакарот поскапе за 0,60 проценти, на 6,7518 долари, при што во текот на денот достигна 6,7660 долари. Алуминиумот бележи уште поголем раст од 0,78 проценти и достигна 3.243,50 долари.

Во пораст се и цинкот, со 0,14 проценти и цена од 3.892,75 долари, како и оловото, кое поскапе за 0,06 проценти, достигнувајќи 1.905,85 долари.

Движењата на пазарите на метали се следат со зголемено внимание, особено поради влијанието на движењето на американскиот долар, каматните стапки и очекувањата за глобалната економија врз цените на благородните и индустриските метали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

По остриот пад, златото повторно се искачи над 4.150 долари

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library5p69iekkr9u05zSKcSu

Цената на златото повторно паѓа, инвеститорите очекуваат повисоки камати во САД

Свет | пред 2 седмици

media-library5p69iekkr9u05zSKcSu

Европските земји повлекуваат тони злато од Северна Америка: Зошто?

Свет | пред 1 месец

media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Златото падна за 0,4 отсто, вниманието насочено кон американската економија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања