Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Нов раст на платите за над 3.000 денари за социјалните работници, најавува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vlada-amandmani-2

„Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на реформите со кои се унапредува социјалната заштита и условите за работа на стручниот кадар.

— реклама —

Покрај растот на платите на вработените во градинките за 16 отсто, односно за над 3.000 денари, растат и платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги во секторот социјална заштита.

Почнувајќи од јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во пресек по вработен.

— реклама —

Со ова зголемување, самостоен стручен работник зема за 4.316 денари повисока плата, односно нето платата расте од  23.196 на 27.512 денари.

— реклама —

Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени, односно 76,5 отсто..

— реклама —

Покрај  ова зголемување на платите, следува уште едно во месец Септември во висина од 5 отсто, со што вработените во секторот социјална заштита оваа година ќе имаат за 27 отсто повисоки плати.

Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство остануваат посветени на унапредување на социјалната заштита и враќање на достоинството на професијата социјален работник“, се вели во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања