Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Нов раст на процентот на заболени: Нови 199 лица заразени со коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
lugje-plostad-skopje

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-17, Дебар-6, Штип-9, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-12, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-5, Струмица-2, Радовиш-1, Крушево-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Свети Николе-24, Кичево-3, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од: Скопје-94, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-1, Охрид-6, Гостивар-2, Крушево-1, Македонски Брод-1.

— реклама —

Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.

— реклама —

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се тројца пациенти на возраст од 24, 63 и 64 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка на возраст од 54 години. Во КБ Тетотво починати сe двајца пациенти на возраст од 70 и 74 години. Во Струга во Завод за нефрологија е починат пациент на возраст од 56 години, во ОБ Струга почина пациентка на возраст од 83 години.

— реклама —

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519. Од вчерашните тестирања еден е контролен тест, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3803, активни 1864

• Куманово 848, активни 181

• Дебар 143, активни 81

• Штип 430, активни 165

• Прилеп 294, активни 61

• Тетово 856, активни 323

• Струга 312, активни 156

• Велес 201, активни 38

• Битола 70, активни 29

• Охрид 223, активни 131

• Кавадарци 25, активни 17

• Гостивар 216, активни 131

• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 22, активни 13

• Крива Паланка 19, активни 9

• Радовиш 5, активни 1

• Крушево 10, активни 5

• Кочани 76, активни 16

• Пробиштип 35, активни 23

• Демир Хисар 6, активни 5

• Македонски Брод 8, активни 5

• Пехчево 6, активни 2

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 5, активни 2

• Свети Николе 112, активни 105

• Кичево 68, активни 59

• Ресен 134, активни 89

• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1545 теста се преку: ИЈЗ-641, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-208, Биотек-102, МАНУ -134, Жан Митрев (Филип Втори) -228, Систина со PCR метода -181, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-27, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања