„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нов судир меѓу Ванковска и Силјановска: блокада на ФБ и обвинувања за „детска постапка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Професорката и поранешна кандидатка за претседател на државата, Билјана Ванковска, објави дека претседателката Гордана Силјановска-Давкова повторно ја блокирала на Фејсбук. „Добро е! Претседателката го прочитала писмото. Како знам? Па ме блокирала повторно на ФБ! Колку детска постапка,“ напиша Ванковска на социјалната мрежа.

— реклама —

Нејзината реакција следува по отвореното писмо кое таа му го испрати на претседателскиот кабинет во врска со случувањата во Газа. Во својата објава Ванковска ја критикуваше Силјановска дека со ставовите за тоа како треба да изгледаат вестите – со култура, спорт и слични теми на почетокот, а политиката на крај – всушност повикува на деполитизација на јавноста.

„Не ми се верува дека е ова истата жена која како професорка ги учеше студентите што е polites (активни граѓани) и idiotes (оние кои не се грижат за јавните работи). Нам ни недостасува политизација во аристотеловска смисла, создавање заедница околу јавното добро. Ескапизмот со култура и спорт им одговара на богати или на страшливци,“ напиша Ванковска, додавајќи и иронична забелешка дека „еден ден можеме да чуеме препорака да јадеме колачи ако немаме леб“.

— реклама —

Таа ја нарече претседателката „принцеза на зрно грашок“ која бега од јавна критика и ги игнорира реалните проблеми – гладот, смртта и милитаризмот. „Кажете една државничка работа што ја покренала или направила таа во интерес на државата. Цел живот да предаваш уставно право, а на крај да ја упропастиш функцијата шеф на држава – тоа е навистина неверојатно постигнување,“ додаде Ванковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања