Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нов танкер експлодирал во Ормускиот Теснец, четири инциденти за само 24 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryn1rc5gqm77coaNWi8g1

Четврти нафтен танкер во последните 24 часа налетал на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), а пренесоа иранските медиуми.

— реклама —

„Четврти танкер за 24 часа експлодираше во Ормускиот Теснец по судир со морска мина“, се наведува во извештај објавен синоќа на Телеграм-каналот на „Прес ТВ“.

— реклама —

Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да ги користат, како што тврди Техеран, неовластените пловни рути низ Ормускиот Теснец.

Во соопштението на морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиони барели сурова нафта кога налетал на мина.

— реклама —

САД и Израел на 28 февруари започнаа напади врз цели во Иран, на што Техеран возврати.

— реклама —

Судирот практично го запре поминувањето на бродовите низ Ормускиот Теснец, една од најважните светски рути за транспорт на нафта, нафтени деривати и течен природен гас. Нарушувањата во поморскиот сообраќај доведоа до раст на цените на горивата во повеќето земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 23 часа

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 2 дена

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања