Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нов тендер од ќерка за татко, 900.000 буџетски евра од Пановска за Пановски, вели Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Stoilkovski-04.06.2022-

Македонија е црна дупка во здравството, најцрна дупка во економијата, ама власта не застанува со корупција и со криминал во здравството, дури и врз грбот на најнесреќните, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Почитувани, нема нова болница, ама има нов тендер од ќерка за татко, речиси еден милион евра! Клиниката за хематологија водена од омилената директорка на СДСМ, Ирина Ставридис Пановска, дала тендер на Пановски за набавка на лекови вредни над 55 милиони денари.

— реклама —

Почитувани, ова е тој договор, првата страничка од него, со дата 6ти јуни 2022 година.

— реклама —

Почитувани, неказнивоста на криминалот од институциите значи поддршка на криминалот од државните институции! Ова не е прв тендер од ќерка на татко, ова е утврдена шема со неказнивост за конфликт на интереси и ова се повторува.

Истата шема е разработена уште од 2018 година, за тоа постојат и историја на прес конференции од тука од ВМРО-ДПМНЕ и поднесоци до институциите, ама антикорупциска и обвинителство си молчат!

— реклама —

Оние за борба против корупцијата молчат и се кријат. За волја на вистината и ДКСК и Јавното обвинителство уште во 2018 отворија предмети за тендери вредни 3 милиони евра од Пановска за Пановски, ама до сега нема ништо! И тој молк, остава простор за нови и нови корупциски скандали и за нови договори како овој од клиниката за хемотологија Скопје до А.Д. Др. Пановски вреден речиси 1 милион евра.

— реклама —

Почитувани, ова е срамно, понижувачко, недостоинствено, па и нечовечко да се заработува врз грбот на несреќни и болни! А молкот од институциите значи само едно- Молкот значи одобрување!

Почитувани, Премногу е! Mолкот не е опција! Затоа на 18ти јуни приклучете се на протестот за промени, во 20 часот пред Влада“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања