„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нов Закон за јавни обвинители за помалку од две недели, а Јанева ќе биде заменета со в.д. специјален обвинител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-janeva

Власта смета дека големи се шансите да се усогласи со опозицијата за новиот закон за јавно обвинителство до 10 септември, брифираат високи извори во СДСМ.

— реклама —

Велат дека се задоволни од процесот околу усогласувањето на законот со опозицијата и нагласуваат дека за нив најдобро посакувано решение е законот да се изгласа со консензус на собраниската седница закажана за 10 септември. Доколку не се постигне договор, како што брифираат, тогаш Советот на јавни обвинители ќе треба да назначи в.д. специјален обвинител на СЈО. Според нив, предметите на СЈО треба да продолжат од точката до која се стигнати, додека за предистрагите и истрагите што се водат во СЈО треба да одлучи јавен обвинител.

Истите извори признаваат дека по случајот „Рекет“ во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка, постои разочараност кај граѓаните од правосудството, но истакнуваат дека доколку има детална истрага која ќе ги даде одговорите што јавноста ги очекува, тогаш тоа би можело да биде аргумент плус во насока на добивањето датум за преговори.

— реклама —

Од СДСМ велат дека не се задоволни што дел од одлуките во судските процеси се одложуваат и сметаат дека треба да се спроведе ветинг во правосудството, но напоменуваат дека тоа не би требало да се случи пред одлуката на Европскиот совет за датум за преговори, пред се поради противењето на Европската комисија за ваковиот процес, негативните искуства од Албанија и недостигот на кадри во правосудниот систем. Од партијата посочуваат дека е отворена опцијата ветингот да го спроведат меѓународни експерти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања