Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Нов закон за миленици во Македонија – казни до 400 евра за несовесно чување кучиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarycng45vf121ka5lcZWq9
Photo by Peyton Clough on Unsplash

Според предложените одредби, лицата кои трајно ќе го напуштат својот миленик ќе добијат забрана за чување нови животни. Предлог-законот предвидува и значително зголемување на паричните казни, па така, несоодветно чување и шетање куче ќе се казнува со 400 евра, додека за сурово постапување, мачење или убивање животни е предвидена глоба до 5.000 евра.

Целта на законското решение е да се намали напуштањето на милениците, неконтролираното размножување и трговијата со животни, како и да се намали бројот на бездомни кучиња на улиците.

— реклама —

Во предлогот се наведува и забрана за постојано врзување кучиња на ланец или нивно држење во затворен простор без дневно движење надвор, како и забрана за зашеметување, колење или усмртување животни за ритуални цели. Се предвидува и задолжителна стерилизација на домашните кучиња, како и ограничување на бројот на легла кај одгледувачите.

Дополнително, се планира формирање Центар за трајно згрижување и вдомување на напуштени животни, како и нов систем за регистрација на одгледувачници, продавници и пансиони за миленици, со засилени контроли од повеќе институции, меѓу кои и полицијата.

— реклама —

Според информациите на „Телма“, предлог-законот бил изготвен од Агенцијата за храна и ветеринарство и усогласен со повеќе институции и организации, но постојат различни информации околу тоа дали веќе е доставен до Министерството за земјоделство и кога ќе влезе во владина процедура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања