Промени тема
Контакт

Нов земјотрес на индонезискиот остров Сулавеси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
sulavesi

   Нов земјотрес со интензитет од 5,2 степени според  Рихтеровата скала синоќа е регистриран во индонезискиот град Палу, кој беше опустошен од земјотрес и цунами минатиот месец.

– Епицентарот беше на длабочина од 10 километри од островот Сулавеси, соопшти портпаролот на Националната агенција за борба со катастрофи во Индонезија.

— реклама —

Земјотресот, кој траел пет секунди, ги принудил жителите да ги напуштат своите домови.

Во земјотресот што се случи на 28 септември, со интензитет од 7,5 степени, загинаа 1.948 лица, а властите стравуваат дека има уште стотици затрупани.

— реклама —

Индонезискиот научник Гегар Прасетја пред неколку години предупреди дека регионот околу заливот Палу е изложен на опасност од тешка катастрофа при нови земјотреси поради комбинација од голем број неповолни фактори.  Тој препорача мерки за намалување на влијанието и изградба на станбени и индустриски локации во помалку опасни области.

— реклама —

– Сега Владата мора да преземе мерки за намалување на ризикот пред следната катастрофа, порача Прасетја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања