„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нова Бомба од Гајсер: Зошто Брисел молчи за случајот „Рекет“?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mogerini-zaev

Новинарот на италијанскиот весник Ла Верита, Ларис Гајсер, кој ги обелодени снимките од аферата Рекет утрово има со нова објава.

— реклама —

Во денешната видео колумна главна цел на Гајсер е Федерика Могерини.

Новинарот во колумната прашува зошто Брисел молчи за случајот „Рекет“?

— реклама —

– Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите. Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин, вели Гајсер.

Изразувајќи убеденост дека и натаму е можно да постои вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите, Гајсер прашува како Федерика Могерини може да молчи пред, како што вели, криминалната реалност.

– Во 2015 година, токму ЕУ инсистираше за СЈО, што му нанесе многу штета на македонскиот народ. Денес, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонска администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите, пишува Гајсер.

slX6SnZE7uY

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања