Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Нова борба за Влае, се повикува на масовност: Жителите да инвестираат во своите имоти, а не „инвеститори“ кои криминогено окупирале земјиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
vlae-zgradi-dup-peticija-07.05.2023

— реклама —

— реклама —
Борбата за Влае продолжува од истоименуваната иницјатива, која објавува дека Општина Карпош го става на повторна јавна презентација ДУП-от за Влае 2, каде се протуркува да изникнат бетонски чудовишта. Според иницијативата, жителите имаат само пет дена да поднесат анкетни листови.

— реклама —

„Овој пат Општината има дадено рок за коментари само 5 дена бидејќи тоа е минимумот кој дозволува стариот Закон за просторно и урбанистичко планирање, по кој е правен овој ДУП во претходниот мандат на овој градоначалник (и кој беше укинат на Уставен суд во 2018 поради пропусти во постапката и повторно објавен во 2022 без скоро никакви разлики). На сајтот на Општината е објавена информацијата за повторната презентација на ДУП-от, но не и синтезниот план или анкетните листови. Се надеваме дека ќе го објават побрзо, дека нема да чекаат 24.10. Дополнително, од вестите кои ги има на сајтот и на ФБ профилот на Општина Карпош, единствената која изоставува од ФБ профилот е таа за презентацијата на ДУП-от за Влае 2. Дополнително, за разлика од лани, овој пат може да ги поднесеме нашите забелешки САМО ВО ОПШТИНСКАТА БАРАКА. Не и во Месната заедница во Влае 2, како што беше логично бидејќи е попристапно за жителите. Истото важи и за јавната презентација. Лани се одвиваше во Месната заедница, а сега ќе се оддржи во просториите на Општината (ул. Радика бр. 9 во Карпош 3) јавната презентација. Лани се одвиваше во Месната заедница, а сега ќе се оддржи во просториите на Општината (ул. Радика 2)“, пишува иницијативата „Борба за Влае“.

Тие додаваат: „Целосната информација: „Повторната Јавна презентација (за јавните претпријатија) по Предлог ДУП за Градска четврт СЗ19, ќе се одржи во четврток (26.10.2023) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Карпош, додека пак истата Јавна презентација (за граѓани) ќе се одржи еден час подоцна, односно во 13:00 часот.“

Да присуствуваме во што поголем број и да не дозволиме да се повтори ланската ситуација кога планерката од „Билд урбан“ арогантно ни раскажуваше работи како „сите живеете во град, ако нејќете да има улици и други содржини не живејте во град“. Да им кажеме дека сакаме урбана населба каде приматот ќе биде даден на животот на жителите на кои ќе им се дозволи да инвестираат во своите имоти, а не на „инвеститори“ кои криминогено откупиле државно земјиште за да можат да градат висококатници“.

Со Деталниот урбанистички план донесен врз основа на Регулацискиот план кој е поништен, се предвидуваат згради на просторот на некогашно кино Влае, односно зад автобуската станица на булеварот Партизански одреди. Зградите се планираше ќе бидат со висина од 6 до 10 ката. Парцелата за маркички за згради е проширена и на улицата Есперанто сè до плоштадот Делфина. Со новиот план улицата се предвидуваше да се пробива зад киното односно пред основното училиште „Димо Хаџи Димов“.

На местото на инклузивното игралиште за деца со посебни потреби на плоштадот Делфина, пак, вцртана беше маркичка за црква. Детското игралиште беше направено пред две години и него тогаш го отвори ексградоначалникот Стефан Богоев.

Маркичка за зграда се предвидуваше на празниот простор кај „Кам маркет“ односно во делот каде населбата Влае се граничи со населбата Хром. Овој простор, како што велат жителите, е државно земјиште и бараат да се направи парк, а не да се распродава државна земја за бизнис интереси со приватни градежници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања