Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Нова демократија победник на изборите во Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
izbori-grcija

Со пребројани 33,45% од гласовите, според официјалните податоци од грчкото МВР, Нова демократија е победник на предвремените парламентарни избори во Грција, со 8,5% разлика во однос на СИРИЗА и доволен број пратеници за да формира еднопартиска влада, јави дописничката на МИА од Атина.

— реклама —

Поконкретно:

Нова демократија 39,87% – 159 пратенички места

— реклама —

СИРИЗА 31,34% – 85 пратенички места

Движење на промена 8,25% – 23 пратенички места

Комунистичка партија на Грција 5,3% – 14 пратенички места

Грчко решение 3,77 % – 10 пратенички места

МЕРА25 3,37% – 9 пратенички места

Златна зора 2,99% – 0 пратенички места

Според досега преброените гласови, Златна зора не успева да обезбеди место во грчкиот парламент, бидејќи за 0,01% не ја достигнува границата од 3%, нешто што може подоцна да се промени.

Новоформираниот Парламент ќе се отвори на 17 јули со свечена заклетва на новите пратеници, следниот ден ќе се гласа новиот претседател на Парламентот, а потоа и презентирање на владината програма и гласање доверба на новата влада.

За прв пат во поновата грчка историја, граѓаните во јули гласаат на предвремени парламентарни избори, но сепак посетувањето на гласачко место на средина на лето и не е толку непознато за Грците, со оглед на тоа дека референдумот пред четири години се одржа на 5 јули.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања