Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати официјална честитка до архимандритот Георгиј по повод неговото хиротонисување и востоличување за епископ на Дебарско-кичевската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
„Со искрена радост и длабока почит, Ви го честитам хиротонисувањето и востоличувањето на челниот престол на Дебарско-кичевската епархија. Нека Господ Ви дарува крепко здравје, мудрост и сила во Вашето ново служење, за доброто на нашата света Црква и спасението на верниот народ. Нека Вашиот архипастирски пат биде осветлен со Божјата благодат. Достоен! Достоен! Достоен!“, напиша Пецаков.
Инаку, архимандритот Георгиј е новоизбраниот епископ на една од најзначајните епархии во југозападниот дел од земјата, со седиште во Дебар и Кичево. Востоличувањето беше проследено со свечена литургија и присуство на голем број верници и црковни великодостојници.