Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нова фитнес зона во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library8l8hsqk7bj15c1plvPm

Учениците од ООУ „Мирче Ацев“, но и жителите на Општина Ѓорче Петров, добија нова современа фитнес зона, изградена во рамки на проект поддржан од Министерството за транспорт и врски.

— реклама —

Станува збор за една од трите фитнес зони што се реализираат во општината со цел да се унапреди спортската инфраструктура и да се создадат подобри услови за спорт, рекреација и здрав живот.

— реклама —

Новата фитнес зона е опремена со современи реквизити за вежбање и ќе биде достапна за учениците, младите, но и за сите граѓани кои сакаат да се рекреираат.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека во изминатиот период се инвестирало во изградба и реконструкција на спортски терени, фитнес и калистеника зони, како и во подобрување на спортската инфраструктура во училиштата.

— реклама —

„Нашата цел е спортот да биде достапен за сите, а особено за нашите деца и млади. Оваа инвестиција е уште еден чекор во тој континуитет. Благодарност до Министерството за транспорт и врски за поддршката во реализацијата на проектот“, изјави Стојкоски.

— реклама —

Од Општина Ѓорче Петров најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со инвестиции во спортската инфраструктура преку реализација на нови проекти во училиштата, населбите и спортско-рекреативните комплекси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања