Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Нова година со нови повисоки сметки - граѓаните натоварени со “електродифузна„ такса и пред изборот или да гладуваат или да смрзнуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

„Нова година, нови повисоки сметки за струја. Власта на Ковачевски на граѓаните им ја честита новата година со нова давачка која ќе биде вкалкулирана во сметките за електрична енергија. СДС се фалеше дека ја укинал радиодифузната такса, ама затоа воведе своевидна “електродифузна такса“ или мрежарина која ќе ги зголеми сметките за 250 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

Дополнително со покачувањето во третиот блок сметките ќе пораснат за 120 денари во просек, што значи дека од јануари граѓаните ќе плаќаат по 400 денари повеќе за струја. Ако на ова додадеме дека во изминатите 7 години електричната енергија е поскапена за дополнителни 50% ќе добиеме целосна слика за неспособноста и неодговорноста на оваа власт на ДУИ и СДС. Народот е принуден да избира дали да гладува или да смрзнува, додека функционерите на власта прават криминал со народните пари, особено во енергетскиот систем.

— реклама —

Со ова поскапување на удар ќе бидат граѓаните, нивниот стандард и нивните семејни буџети. Ако досега едвај врзуваа крај со крај, со новите повисоки цени на електричната енергија животот на граѓаните ќе биде уште потежок. Да потсетиме дека околу 600.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата, а 80 илјади во екстремна сиромаштија. Сега овие семејства ќе треба да делат од устата на своите деца, за да платат поскапи сметки и тоа ќе придонесе уште повеќе да расте сиромаштијата во Македонија.

— реклама —

Со секој поминат ден со оваа власт се потврдува дека Никогаш не било полошо. Затоа, важно е да ги поразиме!

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања