Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Нова измама со огревни дрва во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
134301833

На 09.12.2018 година во 21,30 часот К.Д.(73) од Скопје, пријавил дека на 08.12.2018 година околу 12,00 часот на улица “Сава Ковачевиќ“ од страна на непознато лице извршена му била измама.

— реклама —

Имено лицето измамата ја извршил на тој начин што на 07.12.2018 година околу 11,30 часот дошол во дворот на пријавителот и му понудил дрва за огрев по цена од 2.500 денари од кубик при што оштетениот му кажал дека сака да купи пет кубика. Откако се договориле наредниот ден да се најдат и да одат во складот, на 08.12. на булевар “Борис Трајковски“ сторителот ја земал личната карта на К.Д., а исто така му земал и 12.500 денари за дрвата и му кажал да почека на автобуската постојка.

— реклама —

По неколку минути сторителот повторно се вратил, му ја дал личната карта по што му рекол да оди пред фирма која била во близина кај еден од складовите и да ги почека дрвата. Откако никој не ги донесол дрвата, К.Д.  го пријавил случајот во полициска станица.

— реклама —

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања