„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Нова книга по повод 25-годишнината од приемот на Македонија во ОН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

По повод 25-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации во издание на Институтот за јавни политики излезе од печат книгата: “Macedonia at the annual General Debate of the United Nations General Assembly (1993-2018)” од авторот Неџад Мехмедовиќ.

— реклама —

Книгата претставува зборник на вкупно 26 официјални документи на англиски јазик од обраќањата на македонските претставници на годишната генерална дебата на Генералното собрание на Обединетите нации. Во зборникот се опфатени обраќањата на 4 претседатели на државата, 2 претседатели на владата и 5 министри за надворешни работи на Република Македонија во периодот од 1993 до 2018 година.

М-р Неџад Мехмедовиќ (Скопје, 1985) е политиколог и историчар вработен како асистент-истражувач во Институтот за национална историја во Скопје. Негово поле на научен интерес се јавните политики, меѓународните односи, миграционите движења, човековите права, историјата и османистиката. Автор е на вкупно четири книги и на над дваесет статии од различни научни области од општествените науки на македонски, англиски, босански и бугарски јазик.

— реклама —

Книгата може да се купи во книжарниците во Скопје, a истата ќе биде достапна и на www.amazon.com од почетокот на 2019 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања