Промени тема
Контакт

Нова контроверзија на Светското првенство: Изјавата на Махрез отвори сомнежи за договорен резултат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryaqbck9q7f0046UupIcb

Ријад Махрез се најде во центарот на голем скандал откако неговата изјава по натпреварот меѓу Алжир и Австрија на Светското првенство повторно ги разгоре сомнежите дека мечот можеби бил договорен.

Натпреварот заврши со резултат 3:3, исход што им обезбеди пласман во осминафиналето на двете репрезентации. Сепак, драматичната завршница предизвика бројни реакции и сомнежи кај јавноста.

Махрез во 93. минута постигна гол за водство на Алжир од 3:2, резултат што ќе значеше елиминација за Австрија и потежок противник за Алжир во следната фаза, каде што потенцијално би се соочил со Шпанија.

Но, само неколку минути подоцна, во судиското продолжение, Австрија израмни на 3:3, а алжирската одбрана при тој погодок остави впечаток на пасивност.

— реклама —

Контроверзиите дополнително се засилија по објавувањето снимки на кои се гледа како соиграчите на Махрез реагираат незадоволно по неговиот гол за 3:2.

Во изјава за медиумите, алжирскиот фудбалер призна дека бил свесен за чувствителноста на ситуацијата.

„Ја ширевме играта, а тие се повлекуваа. Но, во еден момент добив топка низ средината и морав да трчам. Морам да го почитувам фудбалот. Знам дека беше малку срамно, но таков е фудбалот“, изјави Махрез.

— реклама —

Тој додаде дека на крајот најважно е што двете селекции обезбедиле место во следната фаза од натпреварувањето.

Изјавата на Махрез предизвика бурни реакции во спортската јавност, која сега уште погласно ги поставува прашањата за регуларноста на натпреварот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2217ddbj3gsgdFWRX8S

Претседателот на ФИФА испрати честитка до Аргентина по финалето

Трендови | пред 1 месец

media-librarypimm8j45199j27PEgOd

(Видео) Голманот на Шпанија го игнорираше Доналд Трамп на церемонијата на доделувањето на трофејот

Спорт | пред 1 месец

media-library01g984pmv6797oWzhqC

(Видео) Меси во солзи по поразот на Аргентина во финалето

Вирално | пред 1 месец

media-library04u2e57clr5gcryQDZv

(Видео) Го изгуби финалето, па ја изгуби и контролата: Аргентински фудбалер нападна шпански репрезентативец

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања