Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Нова медицинска опрема во Општата болница во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
16122019_MZ_Filipche_poseta_Opshta_bolnica_Kumanovo-1

Денеска, министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, беше во посета на Општата болница во Куманово, каде што се пушти во употреба новата медицинска опрема која за потребите на оваа здравствена установа ја обезбеди Министерството за здравство.

— реклама —

Станува збор за ендоскопски столб и видео ларингоскоп кои наоѓаат примена во интервенции на повеќе типови заболувања.

„Континуирано вложуваме во современа медицинска апаратура, со што обезбедуваме точна и прецизна дијагностика и соодветен третман на пациентите. Ги подобруваме условите во установите, ги зајакнуваме бројноста и капацитетите на здравствените работници. Со ваков влог, секојдневно придонесуваме кон унапредување на здравствената заштита на пациентите. Двата нови медицински апарати за Општата болница во Куманово ќе овозможат навремена здравствена заштита за граѓаните на Куманово и попрецизна изведба на интервенциите за кои се наменети  ендоскопскиот столб и видео ларингоскопот“, истакна министерот Филипче.

— реклама —

Ендоскопски столб се користи за повеќе видови ендоскопски интервенции, како лапароскопски операции на жолчно ќесе, но и за гинеколошки лапароскопски интервенции и за артроскопски интервенции кај ортопедски пациенти.

„Новиот столб е пософистициран, со подобра и попрецизна визуализација на телесните шуплини каде се врши интервенцијата. Наша придобивка е што истовремено, во две операциони сали ќе може да се вршат лапароскопски операции, наместо да се чека и еден апарат да се пренесува од една во друга операциона сала“, рече директорката на болницата д-р Снежана Захариева. Видео ларингоскопот е наменет за одделот за анестезија и реанимација. Се користи за полесно обезбедување на дишен пат кај пациенти под општа анестезија и кај животозагрозувачки пациенти со компромитирано дишење.

фото и видео: Министерство за здравство

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања