Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Нова собраниска драма: Ова е сексизам, да ѝ се извините на министерката, рече Ковачевски откога Ковачки искоментира дека премиерот пак се скрил под женско здолниште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
290724145_611003056943760_3989563964702095050_n


Премиерот Димитар Ковачевски во собраниската сала зборуваше за жените министерки и обвини за сексизам, провоциран од пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој му рече дека се скрил под женско здолниште.

— реклама —


На ова претходеше прашањето што Ковачки му го постави прашање на Ковачевски, а се однесуваше на тоа дали бил запознаен со сексуалното вознемирување од страна на офицери во Армијата, но одговор доби најпрвин од министерката Петровска.

— реклама —


— реклама —

По нејзиното излагање, пратеникот Ковачки искоментира: „Премиерот повторно избега и се скри под женското здолниште на министерката за одбрана“, што предизвика врева во собраниската сала, но и коментар од Ковачевски.


„Јас многу се гордеам што имам предложено жени за министри и се гордеам што тие жени имаат исклучително добри перформанси. И Славјанка Петровска и Славица Грковска, Јована Тренчевска, Шукова, министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска – со сите се гордеам, без разлика дали на работа ќе дојдат во фармерки или во друга гардероба. И навистина не личи во Собранието, кое го гледаат сите генерации на директен пренос, да се користи сексизам и да се користи омаловажување на жената, со оглед на тоа дека жените може многу поквалитетно од мажите да ја вршат која било функција и тоа овие министерки го потврдија. Јас лично сметам дека треба да ѝ се извините на министерката за она што го кажавте, но тоа е домашно ваше воспитување и образование“, му рече Ковачевски на Ковачки.

— реклама —

Ковачки потоа му возврати: „Тоа дека се криете зад женско здолниште е факт и не го измислив јас. Тоа го измисли вашата менторка Радмила Шекеринска. Потсетете се и ќе видите дека тоа е нејзина изјава“.


Ковачки со обвинувања дека високи офицери сексуално вознемирувале колешки, Петровска рече дека ги пријавила сите информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања