Промени тема
Контакт

Нова тешка сообраќајка на „Партизанска“ — повредени две лица, реакција: „Булеварот стана писта на смртта“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library3885nnvun00b0833Qig

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 19:40 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека во несреќата учествувале четири патнички возила – „Голф“, „БМВ“, „Мерцедес“ и „Цитроен“. Повредените се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде им се укажува лекарска помош.

— реклама —

Инцидентот се случил во близина на местото каде што пред неколку месеци загина младата Фросина Кулакова.

— реклама —

Причините за судирот сè уште се утврдуваат. Полициски екипи извршиле увид, а сообраќајот на делницата бил привремено блокиран.

По несреќата, нејзината сестра Росица Кулакова на социјалните мрежи објави емотивна реакција:

— реклама —

„На истото место каде што пред нецела година ја убија сестра ми… се вози со 80, 90 километри како ништо да не се случило. Јас гледам сè тоа од прозор, секој ден поминувам од тој проклет пешачки премин каде што Фросина згасна засекогаш. Ни трагедија, ни гроб, ни свеќа не ја разбудија свеста. Полицијата е фантом, а Партизанска станува писта на смртта. Треба ли пак некој да загине за да светне ламбата? Ако не е законски да се постават лежечки полицајци – смени го законот!“

Нејзиниот апел повторно ја отвори дебатата за безбедноста на булеварот „Партизански одреди“, кој во последните години стана едно од најопасните сообраќајни жаришта во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymkii53gn4r9g6qyf2BP

Тетовец запалил отпад во дворот, огнот се проширил на соседна земјоделска парцела

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryl57p2o6jkug75UUGPVk

Удрил во ограда и се превртел на автопатот Велес – Скопје, тешко повреден 59-годишен возач од Чешка

Македонија | пред 12 часа

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот, 58-годишник тешко повреден

Македонија | пред 12 часа

media-libraryckij20ejrh149ZBcYtG

Лажно пријавила дека од домот ѝ бил украден накит вреден 3.000 евра, кривична за 24-годишна девојка

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања