Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

НОВА ТВ: Кучиња скитници се хранат со медицински отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Medicinski-otpad-3

Опасен медицински отпад е откриен во погоните на „Еко клуб“ сместени во просторот на Металски Завод во Скопје. Случајот е пријавен во скопското Јавно Обвинителство, а увид на терен извршиле полициски инспектори, крим-техника и инспектори за животна средина. Според нашите извори, околу 22 часот, една вечер во декември, иако дозволата за работа на „Еко клуб“, лиценцирана компанија за управување со отпад, е со работно време до 17 часот, од страна на еден градски инспектор и советник во една скопска општина, сликани биле

— реклама —

фотографии и направено е видео кои покажуваат што навистина се случува во погоните каде што се обработува медицинскиот отпад, објави НОВА ТВ.

Извори од обвинителството за Нова ТВ пренесуваат дека, под изговор оти работат во трета смена, малкутемина работници го обработувале медицинскиот отпад на несоодветна машина, односно опрема која се користи за поинаков вид отпад, но не и за медицински. Ако се користи за медицински, како во случајот, тогаш отпадот не се обработува (уништува) целосно, туку му се прави примарно дробење, но со оглед дека таа опрема не постигнува висока температура потребна за усмртување на бактериите, особено од крвавите делови на отпадот, заразите, опасни по здравјето на луѓето, не се уништуваат целосно.

— реклама —

Изворите пренесуваат дека работниците, иако работеле надвор од пропишаното време и не го третирале отпадот како што налагаат правилата, немале никаква соодветна, лична заштитна опрема, што самото по себе значи дека прво тие се изложени на заразите што се шират од медицинскиот отпад, а потоа работниците се и потенцијална опасност за своите семејства и пошироката средина.

Текстот во целост на: НОВА  ТВ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања