Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Нова варијанта на короната се вика „Му“, СЗО со детали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Слајдер
w_56102301

Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „Му“, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, објави Светската организацијата доцна синоќа.

Новата варијанта со научно име Б.1.621 досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи“, наведува СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на коронавирусот.

— реклама —

СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирус.

— реклама —

Сите вируси, вклучително и коронавирус (SARS-CoV-2), мутираат со текот на времето. Повеќето мутации имаат мал или никаков ефект врз својствата на вирусот. Меѓутоа, одредени мутации можат да влијаат на карактеристиките на вирусот, како што се полесно ширење, сериозност на симптомите или ефикасност на вакцини, лекови и други алатки за откривање на присуството на вирусот.

— реклама —

Од појавата на коронавирусот и соевите на тој вирус, СЗО одлучи да ги именува варијантите. Во моментов, загрижувачки се четири варијанти на коронавирус, меѓу кои сојот Алфа е присутен во 193 земји и Делта е присутен во 179 земји, додека пет други се под надзор, меѓу кои и Му.

Мутацијата Му првпат беше откриена во Колумбија во јануари, а подоцна и во други земји од Латинска Америка и Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања