Нова вертикална сообраќајна сигнализација на повеќе улици во Општина Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Продолжуваат активностите на Општина Центар за заменување на старата и оштетена вертикална сообраќајна сигнализација на улиците кои се под нејзина надлежност.

— реклама —

Екипи на Општина Центар овие денови поставија нови сообраќајни знаци на улиците во зони на основни училишта и градинки и тоа на „Мирче Ацев“, во непосредна близина на ООУ „11-ти Октомври“, на улица „Стив Наумов“ во близина на ЈУДГ „Р.Ј. Корчагин“ – објект Пепелашка и на улицата „29-ти Ноември“, во близина на ООУ „Коле Неделковски“.

— реклама —

Денес општинските служби ја обновуваат вертикалната сообраќајна сигнализација на улицата „Тасино Чешмиче“, во зона на детската градинка „Кочо Рацин“ – објект Панорама.

— реклама —

Покрај обновувањето на вертикалната сообраќајна сигнализација, Општина Центар редовно ја одржува и хоризонталната сообраќајна сигнализација, а изминатиот период постави и 9 подигнати пешачки платоа во близина на детските градинки и основните училишта.

Со овие активности се олеснува ориентацијата и се нормализира движењето на учесниците во автомобилскиот сообраќај, а се зголемува степенот на безбедност на родителите и децата кои престојуваат во детските градинки и посетуваат настава во основните училишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања