НОВА: Вториот човек на Агенцијата за храна е осуден за четири кривични дела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
agencija-za-hrana-i-veterinarstvo

Вториот човек на Агенцијата за храна Фирус Мемед  бил осуден за четири кривични дела во 2015 година. Мемед кој во тоа време бил директор на Државниот инспекторат за животна средина го признал делото за четирите кривични дела и бил казнет парично, потврдија за НОВА од Основен суд Скопје 1. Поранешниот директор на Државниот инспекторат за животна средина бил уапсен и лишен од слобода на 19.10 2015 година, објави novatv.mk. 

— реклама —

— реклама —

Кривичните дела кои ги сторил тогаш, сегашниот втор човек на АХВ, Фирус Мемед се: Примање поткуп по член 357 став 2 од КЗ, Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 2 од КЗ и две кривични дела за Несовесно работење во службата по член 353 в став 1 од КЗ и член 353 в став 23 од КЗ.

Како што може да се види од Решението до кое дојде НОВА, на Мемед му биле изречени мерки на претпазливост по предлог на ОЈО кои Судијата на претходна постпапка ги прифатил.

Според овие мерки Мемед не смеел да се одалечува надвор од границите на државата, секоја среда требало да се јавува на овластено лице во Судот, а била определена и мерка на претпазливост-забрана на преземање на работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Текстот во целост на: НОВА,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања