Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Заедно со неа на средбата во Кавадарци допатува и помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер.
Според Јанчев, средбата била работна и се случила во неговиот кабинет.
-Ова е моја прва средба со новата амбасадорка Кејт Мари Брнз. Голема чест ми е што бев домаќин на високи политички претставници, како што се господинот Рикер и госпоѓата Брнс. Нивната посета е од големо значење за Кавадарци – ни изјави градоначалникот.
Кејт Мери Брнз е наследничка на функцијата од нејзиниот претходник Џес Бејли.Таа има 26 – годишен стаж во Дипломатската служба на Стејт департментот и има добиено осум награди за Највисока чест и за Заслуги и Награда за служба, како и две награди за заслуги за цивили службеници од Одделот за Армија на Министерството за одбрана на САД. Потекнува од Сарасота, Флорида, и е во брак со Лари Скот Гејџ, пензиониран полковник на Морнарицата на САД.
За средбата, прочитајте повеќе на Фокус.мк