Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Новата „Пазар 3“ коалиција нема да донесе ништо подобро - наместо проекти и инвестиции, ќе има криминал и корупција, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
TARAVARKI-KOVACEVSKI-TAKIM

„Пазар 3“ коалицијата уште не започната да функционира, полна со скандали и криминали. Наместо проекти, инвестиции и капитални проекти, ќе има зголемен криминал и корупција, тендери во 4 очи и неспособност, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Од вмешани во убиства, преку местачи на тендери, до корумпирани предлози за министри и заменици министри во новата влада, која ако по утрото се познава денот, ќе биде покриминална и покорумпирана.

— реклама —

Ковачевски е должен да одговори дали новиот министер за правда, Кренар Лог е брат на Крешник Лога кој има кривична пријава за убиството на Дилавер Бојку за убиство и убиство во обид.

Втор човек на министерството за правда е предлогот Викторија Аврамовска Мадиќ за која има поднесено кривична пријава за злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата. Мадиќ како генерален секретар на Град Скопје е вмешана и во скандал од 4 милиони евра со фирмата „Армор Плус“ во сопственост на зетот од сестра.

— реклама —

Заради ваквите кадри во министерството за правда, довербата кон судството и министерството за правда е само 6%.

Предлогот за министер за здравство Фатмир Меџити е поврзан со скандали со шверц на лекови, а како претседател на УО на ФЗОМ замешан во многу скандали. Јавноста треба да знае дали кумашинските врски со Арбен Таравари имаа предност за негов избор во ова министерство.

— реклама —

Тирон Јајага кој е предлог за заменик министер за одбрана бил вратен во Македонија од мисијата во Брисел заради учество на протест за Илирида, додека истиот бил член на НАТО, а истиот за овој случај во 2017 бил помилуван и сега награден како предлог за заменик министер во одбрана.

„Најуспешниот“ заменик министер Агим Нухиу откако целосно ги приватизираше и нанижа целосни неуспеси во МВР и министерството за правда, сега на ред дојде и заменик министерското столче во министерството за образование. Каде што патем ќе биде во целосно владение на ДУИ.

— реклама —

Оваа „Пазар 3“ крпена коалиција за 10 месеци нема да донесе ништо подобро во Македонија. Наместо справување со економската и енергетската криза, граѓаните овие неколку месеци ќе бидат посиромашни и со уште повеќе проблеми.

Потребна е нова влада, влада која знае како да се справи со проблемите на државата и граѓаните. Наместо крпени коалиции, потребни се предвремени избори на кои граѓаните ќе ги испратат во историјата криминалците од СДС и ДУИ“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања