Промени тема
Контакт

Новата учебна година почнува со онлајн настава за дел од учениците од „Киро Глигоров“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
IMG_4387

Новата учебна 2026/2027 година за повеќето ученици во Македонија започнува утре, но дел од основците од скопското ООУ „Киро Глигоров“ првите денови ќе ги следат часовите од дома.

Станува збор за учениците од 4. до 9. одделение, кои поради незавршени градежни активности во дел од училиштето привремено ќе следат онлајн настава.

Од Општина Центар информираат дека Министерството за образование и наука дало согласност наставата да се одвива од далечина додека не се создадат услови за безбедно враќање на учениците во училишните клупи.

— реклама —

„Најважно е децата да бидат безбедни и наставата да започне без дополнителни одложувања“, информираат од Општина Центар.

— реклама —
— реклама —

Од општината велат дека од Министерството побарале информација за точниот рок и динамиката за завршување на градежните работи. Очекуваат активностите да завршат во најкус можен рок, по што учениците ќе се вратат на редовна настава.

Новата учебна година во основните и средните училишта во земјава ја започнуваат околу 238.000 ученици, меѓу кои и 14.952 првачиња. Годината започнува со 433 паралелки помалку во споредба со претходната, а во 148 училишни објекти нема да има ниту еден ученик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања