Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нови 100 милиони евра од ЕУ, почетокот на преговорите носи резултати, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
evra

Почетокот на преговорите со ЕУ носи видливи и конкретни резултати, вели СДСМ

— реклама —

„Европската комисија даде предлог за макрофинансиска помош до 100 милиони евра за Северна Македонија, односно поддршка за економијата за следните две години.

— реклама —

Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи, нејзиното спроведување ќе биде дефинирано заеднички со ЕУ, преку Меморандум за разбирање.

Меморандумот за разбирање најверојатно ќе се фокусира на реформите на политиките во областите на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството и борбата против корупција.

— реклама —

Со ова уште еднаш се докажува кој стои до Северна Македонија во тешки времиња и во време на економска и енергетска криза.

— реклама —

Напредокот во евроинтеграциите носи засилена финансиска помош од ЕУ и пристап до нови фондови со што се обезбедува трансформација на нашето општество и нашата економија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања