Нови 127 случаи на Ковид-19 во земјава, тројца починати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
w_55947488

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2.

— реклама —

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти, во: Скопје-4, Тетово-2, Гостивар-1. Починати се 3 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

— реклама —

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Куманово е од Скопје. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

•       Скопје 1332, активни 720

•       Куманово 556, активни 139

•       Дебар 53, активни 2

•       Штип 207, активни 169

•       Прилеп 218, активни 27

•       Тетово 291, активни 127

•       Струга 103, активни 30

•       Велес 144, активни 30

•       Битола 30, активни 3

•       Охрид 37, активни 20

•       Кавадарци 6, активни 1

•       Гостивар 50, активни 28

•       Гевгелија 6, активни 2

•       Струмица 5, активни 2

•       Крива Паланка 7, активни 1

•       Радовиш 4, активни 0

•       Крушево 3, активни 0

•       Кочани 53, активни 22

•       Пробиштип 7, активни 5

•       Демир Хисар 1, активни 0

•       Македонски Брод 2, активни 0

•       Пехчево 3, активни 0

•       Берово 2, активни 1

•       Валандово 3, активни 2

•       Виница 3, активни 1

•       Делчево 1, активни 0

•       Кратово 3, активни 1

•       Свети Николе 3, активни 2

•       Кичево 3, активни 1

•       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 702 теста се преку: ИЈЗ –440 , ЦЈЗ Скопје-24 , Авицена –0 , Биотек - 0, Жан Митрев (Филип Втори) –91 , Систина со PCR метода –66  и МАНУ -81 .  Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 71 пациент. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 42 пациенти. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 39 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера

•       Чаир- 168

•       Центар - 64

•       Бутел   - 63

•       Гази Баба-58

•       Аеродром- 57

•       Сарај- 55

•       Карпош- 45

•       Кисела Вода- 35

•       Арачиново- 23

•       Студеничани- 19

•       Илинден- 18

•       Ѓорче Петров- 18

•       Шуто Оризари- 17

•       Петровец- 6

•       Чучер Сандево- 3

•       Сопиште- 2

•       Странец -2

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања