Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нови 26 мерки вредни 400 милиони евра, што значат за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
17012022_VRSM_1vaSednica-1

„Владата предводена од СДСМ постојано презема мерки и политики што значат заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани. Донесен е нов пакет со 26 економски мерки, во вредност од 400 милиони евра кои ќе обезбедат заштита на животниот стандард на граѓаните и финансиска поддршка за компаниите и одржување на нивната ликвидност“, велат од СДСМ.

Тие додаваат:

— реклама —

„Една од клучните мерки е укинување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи. Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата ќе бидат со нула отсто ДДВ, а маржата за овие артикли ќе биде замрзната во периодот април – јуни.

Повластената даночна стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата ќе важи до крајот на годината.

— реклама —

За најранливите категории воведуваме ваучер во вредност од 1000 денари месечно, за период од три месеци за околу 35.000 граѓани, и истите би се користеле за купување на основни производи. Иста таква субвенција субвенции ќе добијат и околу 330.000 пензионери.

— реклама —

Дополнително, ја намалуваме стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас и метан.

Ќе се намали и акцизата на горивата врз основа на берзанските цени, а со тоа се намалува и малопродажната цена на горивата, за дизел за 10,5 денари и за бензин 11,5 денари.

— реклама —

Поддршка ќе добијат и домашните компании преку финансиска поддршка преку директно кредитирање од Развојна банка, финансиска поддршка преку комерцијалните банки со бескаматни кредити за обртни средства кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, нова линија за поддршка на стопанството преку Европската инвестициска банка за зелена транзиција.

И во време на криза СДСМ го штити стандардот на граѓаните, минималната плата порасна на 18.000 денари, следува рекорден раст на пензиите, а стапката на невработеност е на историски најниски 15,2 отсто“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања