Промени тема
Контакт

Нови барања до Владата, овојпат за да им се помогне на земјоделците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lozje-niva-zemjodelie

„Владата да донесе одлука за укинување на акцизата и ДДВ за зелена нафта за земјоделците, како и 0% ДДВ на вештачките ѓубрива веднаш. Земјоделците иако најпогодени од кризата не се опфатени со наводните владини мерки“, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на земјоделците и повикува владата да ја ослободи зелената нафта од акцизи и ДДВ, како земјоделците ќе може да имаат пониски трошоци за производство.

Дополнително веднаш да се намали ДДВ за вештачките ѓубрива на 0%, бидејќи тие на светските берзи бележат раст и до 100% изминативе неколку месеци, и со тоа во голема мера влијаат на трошоците за производство.

— реклама —

Владата веднаш да се насочи и на изнаоѓање на нови пазари, бидејќи голем дел од земјоделските производи во голем процент завршуваа во земјите во војна.

— реклама —

Владата да не трча по дневен популизам, туку да преземе мерки кои ќе имаат долгорочен ефект“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања