Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Нови безбедносни мерки во Кремљ: Без часовници на средби со Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Независни руски медиуми објавија дека Федералната служба за заштита на Русија вовела нови строги правила за сите што се среќаваат со рускиот претседател Владимир Путин, меѓу кои и забрана за носење рачни часовници на состаноци.

Според телеграм-каналот „Можеме да дадеме објаснувања“, кој следи случувања во Русија и војната во Украина, функционерите повеќе не смеат да носат часовници за време на средбите со Путин.

Како примери се наведуваат гувернерот на Тамбовската област Евгениј Первишов, лидерот на Република Мордовија Артјом Здунов и директорот на компанијата „КамАЗ“, Сергеј Когогин, кои на неодамнешните состаноци со рускиот претседател биле без часовници.

Според извор на каналот, новите правила не важат за луѓето што Путин добро ги познава.

„И тие ги предаваат телефоните, но правилото за часовниците засега не важи за нив. За помалите функционери веќе ништо не е дозволено“, тврди изворот.

Како пример се посочува директорот на „Ростех“, Сергеј Чемезов, кој на неодамнешна средба со Путин носел часовник.

Според истиот извор, и самиот Путин почнал да го вади часовникот за време на состаноците.

— реклама —

Сепак, за време на средбата со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, рускиот претседател наводно заборавил да го тргне часовникот, па на снимка објавена од Кремљ се гледа како со раката го покрива зглобот.

Телеграм-каналот не ја објаснува конкретната причина за новите мерки, но потсетува на извештаи на европски разузнавачки служби објавени на почетокот на мај, во кои се наведува дека Путин стравува од можен атентат и значително го засилил обезбедувањето.

Строги мерки, според медиумите, важат и за луѓето што директно работат со Путин. Во домовите на вработени од неговиот најблизок круг биле инсталирани системи за надзор.

— реклама —

На готвачите, телохранителите и фотографите кои работат со претседателот им било забрането користење јавен превоз, а се претпоставува дека се следат и нивните автомобили.

Во претседателската администрација сите поминуваат двојни безбедносни проверки, вклучително и претрес од Федералната служба за заштита.

Вработените блиски до Путин смеат да користат само телефони без пристап до интернет, кои, според тврдењата, се прислушувани од безбедносните служби.

Медиумите наведуваат и дека во Русија зачестиле прекините на интернет-услугите, особено во Москва, што дел од експертите го поврзуваат со безбедносните стравувања на Кремљ.

— реклама —

За време на прославата на Денот на победата, во Москва три дена било оневозможено дури и испраќање СМС-пораки.

Русија паралелно работи на изолирање на својот интернет-систем „Рунет“ од остатокот од светот, блокирајќи апликации и отежнувајќи користење виртуелни приватни мрежи.

Путин претходно изјавил дека прекините се неопходни од безбедносни причини, додека дел од руските идеолози, меѓу кои и Александар Дугин, јавно поддржуваат целосни исклучувања на интернетот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин распиша избори: Русија гласа на 20 септември

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин: Ќе ги засилиме ударите врз украинската инфраструктура

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Додека Путин зборува за сигурна победа, украинските дронови го погодија неговиот роден град и го притискаат Крим

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин: „Нивото на јавниот долг во Русија е значително пониско отколку во еврозоната“

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања