Во координирана акција на Управата за финансиска полиција, спроведена во соработка со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, се приведени седум лица, додека вкупно 13 лица и 10 компании се опфатени со истрагата.
Осомничените се товарат за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари. Според информациите, тие продавале нафта за готовина, а потоа средствата ги прикажувале како дневен промет преку фиктивни фактури и притоа барале поврат на ДДВ.
Според проценките, на овој начин е предизвикана штета од околу 7 милиони евра.
Акцијата била реализирана на осум различни локации во Липково, Куманово, Желино и Никуштак.